Connect with us

Забава

Потрошила 50.000 долари за да личи на Меланија Трамп

Клаудија Сиера потрошила околу 50.000 долари за да изгледа како нејзиниот идол – Меланија Трамп.

Оваа 42-годишна мајка на две деца од Тексас, се одлучила на овој чекор по еден неуспешен состанок со маж кој дал грозни коментари на сметка на нејзиниот изглед. Неговите коментари, комбинирани со дециниското потсмевање кое го трпела, ја поттикнале да преземе драстични акции и да биде како жената за која сонувала да биде.

Таа одлучила инспирација да и биде Меланија Трамп, која инаку е нејзин идол, па решила да направи неколку естетски операции.

Од желба да личи како убавата Прва дама, Клаудија направила многубројни естетски зафати како липосукција, бразилско кревање на задникот, затегнување на очните капаци.

“Сакав да изгледам како Меланија Трамп, таа е многу гламурозна и тоа ми се допаѓа, не сакав да бидам типична мајка како до тогаш. Се чувствувам како прва дама, како моќна, силна жена, и тоа е тоа што сакам луѓето да го видат во мене. Се чувствувам како феникс, ова е моето повторно раѓање, кога тој човек ми кажа дека изгледам постаро, го променив секој ден на себе – повеќе не сакам да бидам таа постара личност”, вели таа.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно