Connect with us

Забава

Местото со најсреќните жители во Велика Британија

И покрај временските услови на ова место, луѓето не дозволуваат тоа да влијае врз нивното расположение. Се смета дека се најсреќните луѓе во Британија и еве зошто.

Надворешните шкотски хебриди можат да бидат дождливи, далечни и студени, но нивните жители се рангираат како најсреќните луѓе во Велика Британија. Која е нивната тајна?

“Со приближувањето на ноќта небото е се уште светло. Единственото наговестување за зајдисонце е видливо од прозорецот на кујната, а дел од водата ги одвојува островите на надворешните хебриди од планините на шкотскиот брег. Местото е достапно само со авион или фериброд и е дом на 26.000 жители”, вели жител кој неодамна се вратил повторно во родното место откако едно лето заминал за Њујорк.

“Прекрасно е, темнината доаѓа само неколку часови после полноќ. Празничната атмосфера ги исполнува улиците на Сторновеј, најголемиот град на во архипелагот каде жителите и посетителите се подготвуваат за годишниот музички фестивал Еб Келт”. Кога повторно се вратил во своето родно место почнал да истражува што ги прави овдешните жители најсреќните луѓе на земјата.

“Сметаме дека луѓето се посреќни кога се наоѓаат во природна средина, а сите природни средини се посреќни од градовите, постои еден вид хиерархија каде најсреќните средини се морските и крајбрежните средини”.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно