Connect with us

Актуелно

На следното рочиште за случајот „Сопот“ ќе бидат сослушувани сведоците

Одложено судењето за случајот „Сопот“, во кој 10 лица се осудени за тероризам, рочиштето закажано за 18 октомври. Одложувањето е направено по барање на одбраната поради промена на судиите во кривичниот совет и поради фактот што Специјалното јавно обвинителство го застапува обвинението.

Од судијката Дијана Груевска-Илиевска, одбраната побара повеќе време за подготовка. Судијката предложи за наредното рочиште кое ќе се одржи следната недела да бидат сослушани сведоците во случајот за да се забрза постапката.

Ова беше трето одложување на судењето за „Сопот“ по преземањето на предметот на СЈО во своја надлежност. Случајот „Сопот“ е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно