Connect with us

Македонија

40 годишен прилепчанец тешко повреден во ноќен клуб

Во Полициската станица Прилеп вчера во 5:25 часот било пријавено дека од ноќен клуб со возило на итна медицинска помош бил пренесен Љ.Д.(40), во бессознание, во Општата болница во Прилеп.

Како што информира денеска МВР, кај Љ.Д. од Прилеп биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар Скопје, каде му бил извршен хируршки зафат и се наоѓа во стабилна состојба.

Полицијата извршила разговор со управникот на ноќниот клуб и со лице присутно како гостин во клубот. Тие го забележале Љ.Д. легнат на грб во бессознание на одморалиштето од скалите меѓу приземјето и првиот кат.

– Повредениот бил во алкохолизирана состојба и слегувајќи по скалите најверојатно се лизнал и паднал, по што со главата удрил на подот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира МВР.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно