Connect with us

Актуелно

Димитриевски најави развивање на прекуграничната соработка

Во организација на Здружението за помош на мали и средни претпријатија „United Business Clubs (UBS)“ и European Small Business Alliance ESBA од Брисел, денеска во Куманово се одржа трибина на тема „Интегрален план за развој на Општина Куманово во рамките на европските можности“.

На трибината присуствуваше и кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата, Максим Димитриевски.

Димитриевски, изрази задовволство од учеството на овој настан, кој додаде го организира асоцијација која се грижи за развој на малите и средните претпријатија. Додаде дека можат да се преземат искуства од инволвираните асоцијации бидејќи имаат реализирано проекти и оти тие искуства можат да го унапредат развојот на општината, да иницираат отварање нови капацитети, да помогнат во развој на бизнис заедницата и развојот на претпримеништвото во Куманово.

– Мојата проценка е дека градењето добрососедски односи во последниве месеци со соседите, меѓу нив и со Бугарија и подигање на нивото на соработка, ќе може да се продлабочи со посериозна взаемна соработка за размена на искуства, кои би резултирале со конкретен бенефит за нашата општина, но и за општините од регионот кои можат да реализираат меѓугранична соработка, рече Димитриевски.

Додаде дека ваквите трибини кои ќе се реализираат и во иднина ќе дадат резултат за Куманово. Темата за интегрален план за развој се однесува на неколку сектори меѓу кои инфраструктурните политики и транспортот, социјалната политика, административно опслужување, образование, култура, спорт и земјоделство.

Модераторот на трибината, Синиша Наумовски, извршен директор на АБИТ, рече дека целта на трибината е промоција на идните соработки, кои додаде ќе ги реализира идниот градоначалник на Куманово во насока на развој на капитални инвестиции во општината, кои ќе ги реализира во соработка со европските капитални фондови, односно успешно користење на ИПА фондовите од Европа.

Според него, изминативе години недоволно се користеле европските фондови, а потпишувањето на договорот со Бугарија позитивно ќе влијае на идните текови.

Тој рече дека фондовите ќе се користат за изградба на капитални инвестиции, во делот на сегментите кои ИПА ги дозволува и за кои има реална можност за изградба. За проектите, додаде, општина Куманово ќе аплицира со соседни општини или прекугранична соработка.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно