Connect with us

Забава

10 причини поради кои често чувствувате замор

Заморот не е само последица на неспиење, туку го поттикнува и алкохолот, лошата исхрана, премногу испиени кафиња и така натаму.

Ова се причини поради кои луѓето најчесто се уморни:

1. Премногу седење

Луѓето кои работат седечка работа и вежбаат барем 20 минути три пати неделно, веќе после шест недели имаат повеќе енергија и се помалку уморни.

2. Премалку внесување на вода

Дури и блага дехидрација, од околу два проценти, има влијание на телесните функции и создава чувство на премореност.

3. Ниско ниво на железо

Последици од недостаток на железо во крвта се пресилно биење на срцето, недостиг на воздух, како и хроничен замор.

4. Прескокнување на појадокот

Не се вели без причина дека појадокот е најважниот оброк во денот, бидејќи токму тој ја дава потребната енергија за функционирање на метаболизмот.

5. Премногу време сте пред екран

Експертите тврдат дека сѐ почестото користење на технологијата значително придонесува за пораст на бројот на луѓе кои страдаат од несоница, но и од синдромот на хроничен замор.

6. Премногу слатки

Продуктите полни со шеќер, сол и маснотии кои немаат голема нутритивна вредност се најголем непријател на енергијата

7. Живеете во хаос

Неуредното работно окружување, како и расфрлените работи насекаде по дома се честа причина за чувство на замор.

8. Кафе

Кофеинот го блокира аденозинот, создава непродуктивност кај активните клетки, со што се создава чувство на поспаност. Пиењето кафе и шест часа пред да си легнете ќе го намали квалитетот на сонот, па ќе се разбудите уморни.

9. Алкохол

Иако една чаша вино, пиво или некој друг омилен алкохолен пијалак може да ви помогне полесно да заспиете, тие го саботираат квалитетот на сонот.

10. Немате рутина во спиењето

Не е важно дури ни ако долго спиете, бидејќи човечкиот мозок функционира на тој начин што му е потребна рутина во спиењето. Тоа значи заминување во кревет и будење во од прилика истото време.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно