Connect with us

Видео

(ВИДЕО) Јајоска: Државниот ревизор ја потврдил неспособноста на Коневски како поранешен директор

„Денеска во јавноста го објавуваме ревизорскиот извештај за работењето на Ивица Коневски кој со години се криеше од јавноста. Извештајот кој го држам во рака, не е ниту монтиран материјал од Курир ниту лажно обвинување од кујната на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е државен ревизорски извештај за работењето на Ивица Коневски како директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Ревизорите уште во 2009 година констатирале големи неправилности во работењето, огромни пропусти и економски загуби за претпријатието кое го водел Коневски.

Одиме по ред. Прво, ревизорите откриле дека не постои никаква евиденција на продадени станови, изградени станови од здружени средства, како и станови на фирми кои се ликвидирани, приватизирани или во стечај. Со еден збор, немало евиденција како се користеле или доделувале становите. Не постојат ниту податоци колку од становите се издаваат под закуп и кој плаќал кирија. Според постоечката евиденција во претпријатието, заклучно со 31.12.2007 фактурирањето за користење на социјалните станови изнесувало минимални 570,166 денари од кои извршена е наплата од само 15% од средствата. Одговорноста за неправилностите и економската загуба, според главниот државен ревизор,паѓаат на сегашниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски. Ова јасно стои во извештајот. Очигледно уште од тогаш Коневски добро ја научил работата и измамите со недвижностите.

Второ, Коневски дозволил бесплатно користење на деловни простории од страна на политички партии.

Трето, Коневски за консултантски услуги од економски карактер во 2005г. ангажирал лице за кое платил половина милион денари иако во претпријатието веќе постоеле стручни кадри со сертификати за стручни ревизори.

Четврто, Коневски склучувал договори со фирми кои не доставувале банкарска гаранција иако законски биле обврзани да го прават тоа. Кај овие фирми градежните активности ги доцнеле и по повеќе од 2 години а немале дадено никаква гаранција. Еклатантен пример на фаворизирање на компании и кршење на законите.

Од заедничките договори за градба Коневски губел стотици илјади евра, но досега не одговараше за ниту едно дело за ова криминално работење. Државниот ревизорски извештај ја потврди неговата неспособност, иако институциите го премолчеа криминалот.

Праксата за корумпирани зделки ја продолжи и во општина Аеродром, но таму граѓаните ќе му судат. На 15 октомври ќе изберат живот, за поубав Аеродром со јавно достапни финансиски извештаи“, изјави Рената Јајоска, кандидатка за советничка во Советот на Општина Аеродром.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно