Connect with us

Економија

Георгиевски реагира на кандидатурата на Грујовски за претседател на ССМ

Претседавачот на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Лазе Георгиевски денеска писмено реагираше во врска со кандидатурата на Пецо Грујовски од УПОЗ за претседател на ССМ.

Во реакцијата, Георгиевски ја оквалификува кандидатурата на Грујовски како дволична игра, додавајќи дека во УПОЗ има чесни млади луѓе кои можат да го понесат товарот во УПОЗ, а не, како што вели, да се кандидира човек кој исполнува услови за пензија.

– За ова ќе побарам итна седница на Советот, бидејќи со вакви работи само се нарушува угледот и интегритетот на Сојузот на Синдикатите на Македонија, се нарушува угледот на гранковите синдикати, а целта на ССМ со новото раководство е да спроведат реформи и ново синдикално движење со кое ќе се заштитат правата, интересите и угледот на работниците во Македонија, вели Георгиевски во реакцијата.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно