Connect with us

Актуелно

Аналитичарите очекуваат втор круг во голем број општини

На неколку дена пред крајот на изборите, кандидатите за градоначалници во полн ек ја водат кампањата. Дел од кандидатите продолжуваат со предизборните ветувања, дел пак со оцрнување на противкандидатите. Црните кампањи во најголемиот дел се водат на социјалните мрежи, каде без контрола може да се објавуваат видео материјали и обвинувања од Фан страници.

Кандидатите за градоначалници од сите партии најавуваат своја победа, иако анкетите побиваат дел од нив. Засега, според анкетата на телевизија Телма направена врз репрезентативен примерок од над 1.500 испитаници и била спроведена од 24 септември до 2 октомври, кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов води пред кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник, Коце Трајановски.

Освен во Скопје, победа на владејачката партија е неизвесна и во општините Центар, Карпош, Битола и неколку помали општини. Извесна е и победата на СДСМ во Аеродром, Ѓорче Петров, Прилеп и Охрид. Очекувањата се помали за Кисела Вода, каде кандидатот на СДСМ, Филип Темелковски има речиси изедначен процент со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски. Сепак, аналитичарите очекуваат втор круг во повеќе општини поради блиските резултати на власта и опозицијата.

Во меѓувреме, продолжуваат кампањите. Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ денеска ќе одржи средби со жителите на Конче, Босилево, Василево и Ново село, а ќе има митинзи во Радовиш и Струмица.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Сарај, Чаир, Студеничани и митинзи во Гази баба и Шуто оризари.

Демократската унија за интеграција е на средба со жителите на Кичево, а движењето „БЕСА“ во Липково.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во градот Скопје.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно