Connect with us

Спорт

Израелска федерација: Каков нож? Шпанците никаде не беа подобро дочекани

Од фудбалската федерација на Израел ја отфрлија како неточна информацијата на еден локалниот весник, а која ја пренесоа повеќе светски медиуми, дека навивач со нож се беше приближил во близина на шпанскиот репрезентативец Иско за време на дуелот од квалификациите за СП одигран вчеравечер во Ерусалим.

По крајот на средбата шестмина домашни навивачи успеаја да ја прескокнат оградата и да влезат на теренот, каде што беа фатени од стјуардите. Изданието тврди дека едниот од нив, кој беше насочен кон Иско во еден момент испуштил нож.

– Ние немаме доказ за ова. Не знаеме од каде доаѓаат овие информации. Не знаеме дали на друго место Шпанците толку добро беа пречекани, велат од федерацијата.

Според шпанска „Марка“, навивачот навистина носел нож во џебот, но тој немал намера да го користи. Во раката држеше мобилен телефон и неговата желба беше да се фотографира со еден од играчите.

Сепак, лицата од обезбедувањето сведочеле дека навивачот кој втрча на теренот имал оружје.

– Веднаш сфативме дека тој носеше нож. Во моментов, хулиганот е во притвор, рече еден од стјуардите, во изјава за весникот кој прв ја пренесе информацијата за навивачот со ладното оружје.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно