Каталонија вечерва ќе прогласи независнсот?

Каталонија вечерва ќе прогласи независнсот?

Карлес Пучдемон пред голем предизвик. Лидерот на Каталонија се соочува со силни притисоци пред неговото клучно обраќање во парламентот. Пучдемон вечерва треба да им се обрати на пратениците од Каталонија и да ја објави својата визија за отцепувањето од Шпанија.

Шпанските медиуми пишуваат дека ова е клучен ден за иднината на земјата. Каталонскиот лидер пред пратениците треба да ги претстави резултатите од референдумумот за независност од 1 октовмри, кој Мадрид го прогласи за незаконски.
Се шпекулира дека тој може да објави еднострано прогласување независност на Каталонија.

„Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност доколку референдумот покаже дека мнозинството гласачи се за отцепување“, најави Пучдемон.

Претходно пак, централната влада во Мадрид ја суспендираше седницата на каталонскиот парламент. Зад премиерот Маријано Рахој застана и цела меѓународна заедница. Франција и Германија отворено порачаа дека се залагаат за обединета Шпанија. Без никаква осуда за полициската бруталност на денот на референдумот, Европската Унија го осуди Пучдемон и неговата идеја на независност.

Каталонскиот лидер пак, иако ризикува да биде приведен веднаш по прогласувањето на независност, порача дека и по цена на својата слобода нема да отстапи од намерата.