Connect with us

Свет

Пучдемон: До самостојност преку преговори со Шпанија

Ги почитувам резултатите од референдумот, но прво ќе барам решение преку преговори со Шпанија, изјави лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон во вечерашното обраќање во регионалниот парламент во Барселона. Тој рече дека не сака да ескалираат тензиите настанати како резултат од референдумот. Им се заблагодари на сите кои гласаа и овозможија референдумот да се одржи. Обраќајќи им се на Шпанците, рече дека каталонците не се криминалци.

„Сакам да ја следам волјата на народот на Каталонија, да стане независна држава. Предлагам да ја суспендираме декларацијата за независност за да работиме на резултатите од референдумот. Денес правиме гест на одговорност во корист на дијалогот“, вели Карлес Пучдемон – лидер на Каталонија

Вреди да се испита и можноста за меѓународно посредување за да биде решена кризата, додаде Пучдемон.

„Ние сме нормални и сакаме да гласаме. Подготвени сме на разговори и за дијалог. Немаме ништо против Шпанија. Сакаме Шпанците подобро да не разберат. Нашите односи не функционираат со години и сега се неодржливи“, вели Карлес Пучдемон – лидер на Каталонија

Пучдемон се обрати во парламентот со еден час задоцнување. Според БИ БИ СИ, причина за одложувањето биле контакти за меѓународно посредување или незадоволството од коалиционите партнери за неговиот говор. Шпанските власти ја зајакнаа безбедноста на аеродромите и железничките станици во Каталонија пред парламентарната седница. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск претходно ги повика каталонските власти да не прогласуваат независност, бидејќи тоа би можело да го спречи дијалогот.

„Ве повикувам, во вашите намери да го почитувате уставниот поредок и да не прогласувате одлука после која дијалогот би бил невозможен. Различноста не смее и не треба да води до судири, чии последици сигурно би биле лоши за Каталонија, Шпанија и за цела Европа“, вели Доналд Туск – прет. На европскиот совет

Портпарол на шпанската влада изјави дека Мадрид го отфрла „молчеливото“ објавување на каталонската независност. Во соопштението се наведува дека е „неприфатливо да се објави таква тивка независност, а потоа да се суспендира на таков експлицитен начин“.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно