Како е да се живее во најсреќната земја на светот?

Како е да се живее во најсреќната земја на светот?

Во најсреќната земја на светот луѓето многу работат, но во рамки на работното време. Данска е најсреќна земја на светот, со 5.4 милиони жители и со БДП по глава на жител од 44.000 евра.

Статистиката покажува дека со својата заработка живеат за 25% подобро од просечен жител на ЕУ. За социјална заштита се одвојуваат 35% од БДП.

Вработени се 76% од луѓето на возраст од 20 до 65 години, а во време на кризата невработеноста се искачи на загрижувачки 7.5%.

За разлика од Балканот, оваа земја има поголемо богатство, но има разлика и во менталитетот.

Кристина Воспергер Даниловски кога се доселила од Загреб знаела дека доаѓа во многу различна средина.

Таа вели дека во Данска децата од мали нозе ги учат на самостојност, а со тоа и не им се обрнува преголемо внимание на децата дома или во градинка.

За Данците вели дека се богат и вреден народ, но со мерка.

Се работи од 8 до 16 часот, а годишниот одмор трае 6 недели.

Лесно се наоѓа работа, а 700.000 Данци годишно менуваат работно место.

За Данците додава дека се штедлив народ и дека она што им е потребно од храна го купуваат во петок.

Многу внимание обрнуваат на екологијата и здравата храна.

Во Копенхаген има многу деца, млади, а бројот на стари лица е мал.

Сите овие податоци Кристина Воспергер Даниловски ги сместила во својата книга „Данци и странци“.