Во овие држави може да завршите во затвор за сликање

Во овие држави може да завршите во затвор за сликање

Во некои земји ако фотографирате можете да добиете висока казна или да завршите зад решетки.

Во Амстердам, главниот град на Холандија не можете да фотографирате во Четири црвени фенери позната по многу бордели.

Во Јужна Кореја не смеете да фотографирате на јавни места жени без нивна дозвола. За ова следува казна до 7000 евра или казна затвор до пет години.

И во САД забраните за фотографирање на приватен имот мора да се почитуваат.

Во Обединети Арапски Емирати сликање на забранети работи може да ве чини 1500 евра или три месеци затвор. На многу локации забранета е употребата на камери. Не смеете да ги сликате Владата, палатите на шеикот или мостовите. Забраните се уредени со закон.

Во Северна Кореја без дозвола не смеете да сликате ништо, а доколку одите како турист тогаш консултирајте се со водичот.

Во Англија смеете да фотографираше што и да посакате, но тоа да не биде за комерцијални цели.

Во Јапонија храмови и статуи на Буда не смеат да се фотографираат и за тоа има табли.

Алжир е конзервативна земја каде за да сликате жени мора да барате дозвола од нивните татковци или браќа. Не смеете да сликате мостови и воени објекти.