Connect with us

Забава

(ВИДЕО) Некогаш најбогат остров, денес пустелија

Во Тихиот океан се наоѓа најмалата островска држава во светот со само 21 квадратен км површина, но има една неверојатна приказна.

Науру е населен пред 3000 години, а денес е дом на нешто повеќе од 10.000 жители, без да се сметаат мигрантите кои во кампови ги сместува Австралија.

Во 19 век бил германска колонија, а во 20 век австриски протекторат.

Во текот на 20 век, Науру била втора најбогата земја во светот според БДП по глава на жител.

Но, подоцна имало граѓанска војна меѓу 12 племиња, по што населението се намалило за 40%.

По Германија, островот имал и други колонизатори, а тоа биле Велика Британија, Нов Зеланд, Австралија и Јапонија.

Германците од Европа донеле многу болести, и тоа било нов удар за населението.

Јапонците болните од лепра ги товарале на бродови и ги потопувале.

Од жителите подоцна останале само 600.

Островот имал руда од што во „златните времиња“ се слевале многу пари.

По 17.500 долари по жител имало во 1981 година во земјата.

Но, подоцна островот се соочил и со еколошки проблем, а бидејќи државата ги вработувала мнозинството луѓе и немало даноци, работното време било флексибилно.

Зеленилото нагло исчезнало, а денес луѓето на островот се најделеби во светот и имаат просечен век од 55 години.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно