(ВИДЕО) Се гради хотел под вода, ќе се влегува со гондоли

(ВИДЕО) Се гради хотел под вода, ќе се влегува со гондоли

На само 4 км од Дубаи до 2020 година ќе биде изграден подводен хотел и бања во вредност од 680 милиони долари.

Гостите ќе уживаат во соби под море, во ресторани и барови од каде се гледаат корали. Компанијата Kleindienst Group, на овој начин сака на луѓето да им ја доближи Венеција.

Во хотелот дневно ќе можат да се сместат 3000 гости. Хотелот ќе има 414 соби, а до нив ќе се стигнува со гондоли. Внатре ќе има и бутици и занаетчиски продавници. Се очекува дека еден ваков хотел ќе има животен век од најмалку 100 години.