Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Шекеринска: Припадниците на АРМ од 1 јануари 2018 година ќе добијат повисоки плати за 10 отсто

Припадниците на АРМ од 1 јануари 2018 година ќе добијат повисоки плати за 10 проценти, најавија министрите за одбрана и финансии Радмила Шекеринска и Драган Тевдовски при денешната посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип.

– По долги преговори кои што ги водевме и во рамки на Владата и со министерот за финансии успеавме да обезбедиме не само повеќе средства за одбраната во 2018 туку да обезбедиме и доволно средства за сите припадници на армискиот составод јануари 2018 година да добијат зголемување на платата во износ од 10 проценти. Тоа се случува после долго време, после неоправдано долго време и со право припадниците на Армијата критикуваат дека во целиот овој период биле занемарени и заборавени, вели Шекеринска.

Таа истакна дека како Влада и Министерство сакаат да ја исправат таа неправда и да ги подобрат условите за работа во објектите на АРМ, а со тоа и дека Македонија е определена за членство во НАТО, а кое ќе донесе нови инвестиции, но и опрема за армијата.

Министерот за финансии, Тендовски при денешната посета на штипската касарна истакна дека се увериле во лошите услови за работа на припадниците на АРМ.

– Гледаме дека многу години ништо не е инвестирано нашата политика практично на Владата е тоа да се смени. Армијата мора да го добие заслужното место бидејќи, тоа е дел од нашиот пат она за што се залагаме влез во НАТО. Ние го поддржуваме зголемувањето на платите во армијата, бидејќи мислиме дека тоа е важно. Најдиректните чинители, тие кои ќе се борат за влезот во НАТО и кои веќе придонесуваат со различните мисии на НАТО, вели Тевдовски.

Тој забележа дека влезот во НАТО е важно и за економскиот развој на државата, а исто така и повеќе инвестиции.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно