(ВИДЕО) Дачиќ со песна му се додворуваше на Ердоган

(ВИДЕО) Дачиќ со песна му се додворуваше на Ердоган

Министерот за надворешни работи на соседна Србија, Ивица Дачиќ синоќа на официјалната вечера организирана од српскиот претседател, Александар Вучиќ запеа пред Реџеп Таип Ердоган на турски јазик.

На видео инсерти поставени на ЈуТјуб се гледа како Дачиќ стои близу масата на која седи Ердоган со сопругата Емине и српскиот претседател со сопругата Тамара и ја пее песната „Осман ага“. За својата музичка интерпретација, српскиот министер доби и бакшиш од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ.

Ова не е прв пат Дачиќ преку песна да се додворува на странските фактори. Во 2013 години шефот на српската дипломатија и запеа и на тогашната посредничка во преговорите меѓу Белград и Приштина, Кетрин Ештон. Тогаш ја пееше песната – Опрости ми Катрин.