Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Тарчуловски: Припор и Драчево ќе добијат канализација, Црниче и Пржино се против мене, нема да добијат ништо

Кандидатот за градоначалник во општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски на средба со граѓани вели дека ако тој победи најмногу ќе направи за жителите на Припор и Драчево бидејќи од таму ќе добиел најмногу гласови, а немало да направи ништо за Црниче и Пржино бидејќи тие биле против него.

– Те донеле тебе Припор и Драчево и главните места и тука ја имам терет и одговорност према луѓето а не Пржино, Црниче, коишто се 90 посто против мене. И тој не ти ни отвора врата и те пљука од прозор. Сега ме тера некој да му праам ја одвод и канализации а ти овде немаш ни струја, ни вода. Не може тоа така бе! Има ред. Ќе почне првин тој што заслужил, тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи. После ќе видиме дали ќе има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот на другиот, вели Тарчуловски на снимката објавена во јавноста.

Ден.мк се обиде да стапи во контакт со Тарчуловски, но тој беше недостапен за коментар. Сепак, од неговата партија велат дека Тарчуловски е наместен и изваден од контекст.

-Ниту една манипулација, изјава извадена од контекст, местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз кој ги очекува. Видеото кое СДС го шири низ интернет просторот за Јохан Тарчуловски е целосно извадено од контекст.Граѓаните имаат јасен избор, од едната страна го имаат ВМРО-ДПМНЕ кое има програма со проекти и мерки произлезени од реалните потреби на граѓаните, за кои знаат дека ќе бидат реализирани и остварени, за што гаранција е нашата досегашна работа. Од друга страна го имаат СДС, кои 4 месеци со прст немаат мрднато за граѓаните и државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, од паријата не кажаа кој бил вистинскиот контекст на зборовите на Тарчуловски – „Те донеле тебе Припор и Драчево и главните места и тука ја имам терет и одговорност према луѓето, а не Пржино, Црниче, кои што се 90 отсто против мене. И тој не ти ни отвора врата и те пљука од прозор, сега ме тера некој да му правам јас одвод и канализација, а ти овде немаш ни струја, ни вода. Не може тоа така бе! Има ред. Ќе почнеме први од тој што заслужил. Тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи. После ќе видиме дали ќе има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот на другиот.“

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно