Северна Кореја: САД го запалија фитиљот на војната, нуклеарното оружје е наше право

Северна Кореја: САД го запалија фитиљот на војната, нуклеарното оружје е наше право

Севернокорејскиот министер за надворешни работи изјави дека Пјонгјанг нема да се откаже од својата нуклеарна програма под било какви услови, притоа напоменувајќи дека „САД го запалиле фитиљот на војната“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколкупати досега разменуваше навреди со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, беше на мета на севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Јонг Хо, кој изјави дека Трамп го запалил „фитиљот на војната“, и дека нуклеарното оружје е сопствено право на Северна Кореја да ја обезбедува својата територија, како и да се развива како држава.

Министерот вели дека казните кои ОН им ги наметнаа на Северна Кореја се многу строги, и додаде дека Вашингтон е меѓу најголемите непријатели на азиската земја.

„САД деновиве води кампања против две земји – Северна Кореја и Русија, а истовремено пробуваат и да ја наговорат Русија да им се придружи во борбата против нас“, изјави Ри Јонг Хо, министерот за надворешни работи на Северна Кореја.

„Предизвикувањето воена хистерија во вакви моменти е бесмислено. Ваквите потези водат до глобална, планетарна катастрофа и губење на човечки животи. Нема да се повлечеме додека не се чувствуваме сигурни“, изјави Путин на истата тема.

Северна Кореја, спротивно на наредбите, ги појача воените вежби во последниот период, притоа тврдејќи дека не се плашат од заканите на ОН и САД.