(ВИДЕО)Темелковски: Реализација на сите проекти и подигнување на нивото на безбедност во Кисела Вода

(ВИДЕО)Темелковски: Реализација на сите проекти и подигнување на нивото на безбедност во Кисела Вода

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од СДСМ, Филип Темелковски пред жителите на Драчево вети отворање на општината за граѓаните, реализација на сите проекти што ќе почнат, како и подигнување на нивото на безбедност.

– Влегуваме во борба со проблемите, не им ги оставаме на граѓаните. Граѓаните на Драчево заслужуваат подобар и подостоинствен живот. Сите граѓани тоа го заслужуваат, рече на синоќешниот митинг Темелковски.

Тој додаде дека имаат направено програма која што ќе реши поголем дел од проблемите.

– Мора да ја отвориме општината. Тоа ќе биде првата задача за секој градоначалник. Мора да има редовна комуникација со нашите граѓани. Знаеме во каква општина живееме. Секоја година ги гледам полициските извештаи. Од година во година може да видиме дека стапката на криминалот расте. Дополнително безбедноста во сообраќајот е на најниско ниво. За таа цел со МВР ќе работиме на подигнување на безбедноста без разлика дали е во домовите или на улиците. Мора безбедноста да се врати во нашите краишта. Мора безбедноста да биде во секое маало и на секое место. Се што ќе почнуваме мора да биде завршено до крај без разлика дали е водовод или канализација, дали е парк. Мора од почеток до крај да бидат заршени сите проекти, истакна Темелковски.

На митингот во Драчево пред граѓаните се обратија и кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов и потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски.