Расте бројот на загинати во пожарите во Калифорнија

Расте бројот на загинати во пожарите во Калифорнија

Најмалку 23 лица загинале во пожарите што ја погодија Калифорнија. Само во округот Соном дури 550 лица се водат како исчезнати, соопштија властите. Уништени се околу 3.500 објекти, илјада луѓе се евакуирани од своите домови, а како што се наведува, огнот зафатил речиси 69.000 хектари земјиште, пренесува Ројтерс.

Пожарот изби во неделата вечерта, а поради силниот ветер брзо се проширил и зафатил неколку окрузи во Калифорнија. Во градот Калистог, евакуирани се 5.000 луѓе, а окружниот шериф предупреди синоќа дека ситуацијата се влошила, за што виновен е силниот ветер.

Најголем број од жртвите настрадале додека спиеле во моментот на избивање на пожарот. Најмалку 20.000 луѓе се евакуирани, а властитре наведуваат дека ова е најсмртоносниот пожар што ја погодил Калифорнија.

Огнот уништил најмалку 16 винарии во долината Напа, како и во долината на Соном, а во оние винарии кои не се во зоната на евакуиација, тврдат дека ги собираат последните проноси од страв од пожарот кој брзо се шири.