Connect with us

Свет

Околу 43 килограми злато завршуваат во канализацијата на Швајцарија секоја година

Научниците утврдија дека околу 43 килограми злато годишно завршуваат во одводните цевки во Швајцарија, а оттаму во канализацијата. Таа количина на злато има вредност од 1,8 милиони долари.

Ова се должи на фактот што скоро 70% од златото од целиот свет поминува низ рафинериите во Швајцарија, каде се преработува и преработените делови се складираат, а отпадот се фрла во отпадните цевки.

Научниците открија дека таа количина на злато нема штетни последици за околината, па затоа компаниите кои го преработуваат златото можат да си дозволат да го исфрлаат отпадот на истиот начин како и досега – низ канализацијата.

Сепак, биле забележани неколку напори да се „улови“ отпадниот материјал и да се профитира од него, а посебно во регионот Тисино, каде концентрацијата на злато во канализационите цевки е поголема.

Покрај златото, научниците пронашле и огромна количина на сребро во канализационите цевки во Швајцарија, скоро 3.000 килограми годишно, што соодветствува на сума од околу 1,7 милиони долари.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно