Connect with us

Избори 2017

(ВИДЕО) Наумоски: Ќе ги решиме децениските проблеми во Ѓорче Петров

Во првите денови од мандатот, заедно со мојот тим и моите советници, ќе работиме одговорно и енергично за решавање на децениските проблеми во општината. Заедно со Градот Скопје, обезбедуваме гас до секоја куќа, до секоја фамилија. Ќе ги скратиме трошоците за струја и огрев и ќе го намалиме загадувањето, порача денеска Александар Наумоски, кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Тој вети детално ревидирање на урбанистичките планови и додаде дека ќе побараат измени на Генералниот урбаниситички план заради регулирање на главните сообраќајници во општината особено во Волково, Пржина, Диво маало и Хром.

– Дексион ќе добие нова модерна амбуланта, а ќе го средуваме и хаосот со сообраќајот. Воведуваме и модерно автоматско улично осветлување во општината, нов паркинг на местото на полициската станица и нова модерна монтажна катна гаража спроти пазарчето, изјави Наумоски.

Нагласи дека новата локална самоуправа во Ѓорче Петров ќе понуди конкретна помош за завршување на легализацијата, нови енергетски фасади на сите стари згради и уредување на парковите.

– Ќе воведеме истурена канцеларија на општината во Волково за сите околни места кои се оддалечени од седиштето на општината побрзо и ефикасно да ги достават своите барања. Ќе нудиме и проекти за самовработување на младите со формирање на Младинска банка за поддршка на младинските иницијативи преку грантови, потенцира Наумоски и додаде дека Ѓорче Петров може да стане атрактивна општина за живеење и да има живот за сите.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно