Connect with us

Актуелно

САД се повлекува од УНЕСКО

Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, информираше дека САД го известиле УНЕСКО дека се повлекуваат од оваа организација на ОН. Западните медиуми тврдат дека САД ќе го напушти УНЕСКО од 31 декември.

Според дипломатски извори, со тој потег САД ќе ја отежнат уште повеќе ситуацијата на организацијата на ОН за култура и образование, на која и прават проблем регионалните ривалства и недостатокот на финансирање.

САД го откажаа својот значителен финансиски придонес во буџетот на УНЕСКО во 2011 година, како протест поради одлуката за обезбедување полноправно членство на Палестинците.

Според списанието Форин полиси, САД сакаат да заштедат пари и да протестираат поради антиизраелската позиција на УНЕСКО.

САД обезбедуваа 80 милиони долари годишно на УНЕСКО, што е речиси една петтина од буџетот на организацијата.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно