Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Богоев: Сите заедно во Карпош да ставиме точка на урбаната мафија

„Денес, од овде, од урбаната заедница Владо Тасевски, од плочникот кај Млечен ресторан, јас и мојот Тим ве повикуваме на масовна политичка мобилизација, во недела, на 15-ти октомври .

Сите заедно во Карпош, и во Скопје, да ставиме точка на владеењето на урбаната мафија, да ставиме крај на шверцерското носење на Детални урбанистички планови на празници или за време на годишни одмори.

Да ставиме точка и крај на насилничкото уништување на зеленило, паркови и узурпација на општинската администрација од страна на крадоначалникот Стевчо Јакимовски и неговите заштитници и нарачатели, Коце Трајановски и Никола Груевски.

Јас и мојот тим имаме визија и идеја за враќање на животот во Карпош, за изградба на нови паркови, нови реонски базени, пензионерски клубови но и клубови и старт ап центри за младите.

Реконструкција на сите игралишта за спорт, како и одржување и враќање на животот, особено оној маалскиот и мегуѓенерацискиот во општината.

Затоа, уште еднаш, јас и мојот тим ве повикуваме во недела масовно да излезете на гласање и масовно да гласате за бројот 19.

За живот во Карпош, за живот во Скопје.

За општина и за град за сите!“, изјави Стефан Богоев, Кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најнови вести

Актуелно