Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сакам општина во која секој жител ќе знае како се трошат општинските пари

Саша Богдановиќ, кaндидатот за градоначалник Центар од СДСМ ги повика жителите да излезат достоинствено в недела на гласање и да го заокружат бројот 19 за живот во Центар.

„Центар на претходните избори покажа дека е симбол на слободата и на непокорот. Центарци три пати излегуваа на гласање и докажаа дека никој не смее да си поигрува со нивната волја. Ве повикувам, во недела сите, достоинствено да излеземе на гласање за да ги довршиме промените. Ако ја добијам вашата поддршка, заедно ќе го направиме Центар каков што сите го сакаме.

Сакам општина во која секој жител ќе знае како се трошат општинските пари. Приоритет ми се здравјето и безбедноста за сите.

Ќе бидам фокусиран на проектите за почиста околина, за современи училишта и градинки, нови улици.
Ќе го враќаме маалскиот живот, ќе го развиваме спортот и културата. Ќе ставиме конечен крај на градежниот хаос.

Јас ќе бидам успешен градоначалник на Центар, затоа што верувам во сите мои проекти, ја имам потребната младост, искуство и енергија, и најважно љубовта за Центар. Заокружете го бројот 19 и гласајте за живот во Центар за сите“, изјави Богдановиќ.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно