Connect with us

Актуелно

Поради изборите, пресудата за случајот „Дива Населба“ ќе биде објавена следниот месец

Пресудата за случајот „Дива Населба“, наместо во вторник, ќе биде објавена на 2 ноември, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Од таму наведуваат дека одложувањето на пресудата е по барање на Министерството за внатрешни работи поради зголемен ангажман на полицијата поврзан со обезбедување на локалните избори.

„Денес во Основен суд Скопје 1 Скопје е пристигнато барање од МВР на РМ – Биро за јавна безбедност, во кое е наведено дека поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на локалните избори и обезбедување делегации од странство во Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судските рочиште закажани за 17 и 19 октомври, на кои треба да се објават пресудите по овие предмети, да се одложат за друг термин по 1 ноември“, соопшти Судот.

Од таму одлучиле пресудата за случајот „Дива Населба“, наместо на 17 октомври, да биде соопштена на 2 ноември, а објавата на пресудата за обвинетиот Сулејман Осман кому му се суди исто така за кумановските настани, но во посебна постапка, наместо на 19, да биде на 3 ноември.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно