Connect with us

Видео

(ВИДЕО) Георгиевски: Гласајте за број 19, за сплотена, модерна општина Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на скопската општина Гази Баба од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски на последниот ден од изборната кампања ја побара поддршката од граѓаните за реализација на проектите од изборната програма.

– Се обврзавме дека преку реални проекти ќе го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани. Дека од Гази Баба ќе создадеме општина со квалитетна инфраструктура, гасифицирана и со пониски трошоци за граѓаните. Општина во која ќе се грижиме за зеленилото и ќе создадеме услови за чиста животна средина. Општина која ќе создаде услови за нови и добро платени работни места и иднина за младите, изјави Георгиевски.

Нагласи дека ќе работи одговорно, транспарентно и домаќински и оти со поддршката што ќе му ја дадат граѓаните се отвара патот за нова, сплотена и модерна Гази Баба.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно