Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје ќе стане вело-град

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов на последниот ден од кампањата оствари уште една средба со иницијативата #НаТочак, на која беше потпишан меморандум за соработка со точно наведени обврски на новата градска администрација за развој на велосипедизмот во градот.

– Како идна градска администрација се обврзуваме при секое проектирање на нова улица, булевар или мост или при реконструкција на постоечките улици да предвидуваме и велосипедско решение. Истовремено, итно ќе ги деблокираме постоечките велосипедски патеки кај плоштад „Македонија“, Кејот на Вардар и Стоковна куќа Мост. Ќе се заложиме за целосно слободни и проодни велосипедски патеки, рече Шилегов.

Додаде дека е постигната согласност во рок од една година пред секоја градска институција или позначаен јавен простор да бидат поставени велосипедски паркинзи.

– Она што за нас е особено важно е изведба на рутите Чаир-Центар, Кисела Вода – Ѓорче Петров, со што на велосипед без сообраќаен метеж ќе може да се дојде од еден до друг крај на градот, истакна Шилегов.

Дарко Арсовски, претставник на #НаТочак изјави дека според верува оти она што е предвидено во програмата на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ ќе овозможи да се направат безбедни услови за сообраќање.

– Веруваме дека треба да се работи многу за да биде тоа успешно. Во овој меморандум ги напишавме битните точки како да се стигне до тоа и да ја изразиме нашата желба за соработка по изборите, рече Арсовски.

Меморандумот беше потпишан под Камениот мост на местото каде велосипедската патека е блокирана од градбите на проектот Скопје 2014, а која Шилегов се обврза дека итно ќе ја отвори за користење на граѓаните.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно