Вардар игра дерби со Барселона, Металург гостува кај Чеховски Медведи

Вардар игра дерби со Барселона, Металург гостува кај Чеховски Медведи

Вардар денеска ја пречекува Барселона во дербито на 5. коло во Лигата на шампионите, Металург оди на победа на гостувањето кај фенерџијата Чеховски Медведи.

Пред Вардар и Металург денеска се нови предизвици во Лигата на шампионите, особено интересен ќе биде дуелот на Европскиот шампион против Барселона.

Ракометарите на Раул Гонзалез во преполната сала „Јане Сандански“ ќе се обидат уште еднаш да ги израдуваат своите навивачи со победа над силната Барселона.

Барса беше жртвата на Вардар во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн, потоа Каталонците имаа мала одмазда со триумф над „црвено-црните“ на Супер Глоуб во Катар.

Вардар и Барселона во денешниот натпревар влегуваат со изедначен скор по пет одиграни кола, три нерешени средби и едно реми, па кој ќе победи ќе избие сам на лидерската позиција во А групата.

Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона започнува од 17:30 часот.

Два и пол часа претходно Металург му гостува на Чеховски Медведи.

По доброто издание против Мотор, Металург брка гостинска победа кај Чеховски Медведи. Рускиот тим има четири порази во првите четири кола од Лигата на шампионите.