МВР викендов ќе издава лични карти

МВР викендов ќе издава лични карти

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.

Сите барања за издавање лична карта, оштетена, изгубена или украдена по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денеска попладне до 16:30 часот. Утре, на денот на изборите, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.