Connect with us

Спорт

Вардар домаќин на Барселона во дербито на 5.коло

Ракометарите на Вардар денеска ќе се пресметаат со Барселона во дербито на петтото коло од Лигата на шампионите. Во Јане Сандански ќе се води битка за врвот на табелата во групата А.

Каталонскиот гигант, чија мрежа ја чува македонскиот голман Борко Ристовски доцна синоќа пристигнаа во Скопје и без да одржат тренинг ќе излезат на Мегдан денес од 17 и 30.

Ова ќе биде трета меѓусебна пресметка за неполни пет месеци, по полуфиналето во Келн и полуфиналето на Суперглоб. Првото го доби Вардар, а второто Барса.Сезонава во Лигата на шампионите и двете екипи остварија по три победи и по едно реми.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно