Connect with us

Актуелно

МОСТ со 2.500 набљудувачи ќе ги следи локалните избори

Граѓанската асоцијација МОСТ со повеќе од 2.500 набљудувачи ќе ги следи утрешните локални избори, изјави денес извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Од овие набљудувачи 2.100 ќе бидат статични. Тие ќе покријат 50 отсто од гласачките места ќе го следат процесот на гласање од отворање на гласачките места до затворање на гласачките места, како и пребројувањето на гласовите.

– Дополнително 81 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје, а еден ќе ја набљудува работата на Државната изборна комисија, рече Алексов.

Тој најави дека утре, во текот на изборниот ден, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес ќе може тоа да го направат на бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Набљудувачите на МОСТ ќе носат жолти маички со кратки ракави на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ со „Мониторинг 2017“.

Како и обично, МОСТ утре ќе одржи четири прес-конференции во 9.30, 13.30, 17.30 и 20.30 часот на кои ќе биде соопштено како се одвиваат изборите.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно