Ураганот Офелија ќе ја погоди Ирска

Ураганот Офелија ќе ја погоди Ирска

Ураганот Офелија, преку Атлантскиот океан се движи кон Европа. Прва може да биде погодена Ирска, кон почетокот на следната недела.

Ураганот веројатно ќе го погоди западниот брег на Ирска во понеделник, но метеоролозите се надеваат дека додека да пристигне до европскиот брег веќе нема да има сила на ураган.

Офелија е првиот ураган што ќе го погоди европското тло по 1961 година.