Столтенберг: Воена акција против Северна Кореја би била со катастрофални последици

Столтенберг: Воена акција против Северна Кореја би била со катастрофални последици

Евентуална воена интервенција против Северна Кореја би имала катстрофални последици, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Неговиот коментар доаѓа како реакција на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека не успеале дипломатските напори за решавање на корејската криза.

– Употребата на воена сила ќе има катастрофални последици и не мислам дека некој навистина го сака тоа. Поради тоа, мора да продолжиме со напорите да преговараме за решение, изјави Столтенберг.

Тој, исто така ги повика сојузниците САД и Турција да пронајдат решение за нивната дипломатска криза. Столтенберг оцени дека тие две земји мора да работат заедно, посебно во блискоисточниот регион, бидејќи Турција е од „клучно значење за нашата борба против тероризмот“.