Гласањето на болни, изнемоштени и затвореници заврши, инцидент во Стајковци

Гласањето на болни, изнемоштени и затвореници заврши, инцидент во Стајковци

Заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, како и лица во домашен притвор и затвореници. Од Државната избона комисија велат дека гласањето завршило без инцидент, иако на терен беше различно.

Откако заврши гласањето на болни и изнемоштени лица во Стајковци, пред избирачкото место ноистел на листа на советници со закани и пцости нападна член на избирачкиот одбор. Инцидентот бил веднаш пријавен во полицијата, а екипи дошле и на местото на настанот.

Инаку, на овие избори гласаа 1882 осуденици во 13 затвори, девет гласачи во Центарот за раселени лица и 5025 гласачи во домашни услови. Сепак, како што претходно објави Ден.мк, повеќе од половина затвореници не гласаа заради тоа што ги немаше во Избирачкиот список.