Авион се сруши при слетување на Брегот на Слоновата Коска, четворица загинати

Авион се сруши при слетување на Брегот на Слоновата Коска, четворица загинати

Четири лица загинаа, а шестмина се повредени откако товарен авион, се урна во морето во близина на меѓународниот аеродром во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска.

Четворицата загинати се државјани на Молдавија, додека четворица француски државјани и двајца Молдавци се повредени.

Локалната полиција соопшти дека авионот се урнал додека се обидувал да слета.

За време на авионската несреќата имаше невреме.