Connect with us

Забава

Луксузниот пентхаус на Џенифер Лопез ставен на продажба

На пазарот на недвижнини се појави оглас за пентхаусот на познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез на Менхетен, а ова е идеална можност фановите да „ѕирнат“ како изгледа внатрешноста на просториите во кои таа престојувала.

Станот се наоѓа во зграда која е направена во 1924 година, а во 2013 заврши процесот на реставрација на објектот. Пентхаусот е со големина од 600 метри квадратни и дополнителни 300 метри квадратни надворешен простор.

Во зградата има теретана и сопствено осигурување, како и лифт кој води директно до станот, кој според фотографиите изгледа дека е луксузно наместен, со преовладување на светлите нијанси, додека пак јаките бои преовладуваат само на деталите. Пентхаусот се нуди за цена од 26 милиони долари.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно