Connect with us

Забава

(ВИДЕО) Како американците во нивните анимирани филмови ја гледаат Русија

Во епизодата на анимираната серија “Симпсонови” која е посветена на наводното обновување на СССР, Ленин го пробива стаклениот ковчег, станува и излегува од мавзолејот. Современите анимирани серии веќе одамна не се само едноставна забава, туку “сериозна сатира”.

Цртаните филмови често даваат одраз на политичката реалност низ светот и доста успешно ги шират и прикажуваат стереотипите за другите држави. Една од најпознатите цртани серии “Симпсонови” не ја заобиколила Русија па погледнете како американците гледаат на оваа земја.

Мечки

Најпознатиот стереотип за Русија е онај кој потекнува од американската популарна култура дека мечките од Сибир наводно слободно шетаат по улиците на руските градови. Во деветтата сезона на “Симпсонови”, Лиза случајно се наоѓа во руски кварт каде среќава мечка која продава бонбони.

Дедо Ленин

Во епизодата на анимираната серија “Симпсонови” која е посветена на наводното обновување на СССР, Ленин го пробива стаклениот ковчег, станува и излегува од мавзолејот.

Горбачов и Јелчин

Михаил Горбачов се појавува во седмата сезона каде доаѓа со поклон на гости кај Буш по повод неговото вселување. Во осмата сезона, Хомер Симпсон како и по навика го поминува денот на шанк, но сопственикот на барот не му дозволува да седне во автомобилот додека не направи алко – тест. Највисокиот степен на скалилото за пијанство бил “Борис Јелчин”.

Путин и изборите

Хомер Симпсон оди на изборното место и наидува на маскираниот Владимир Путин кој сакал да го даде својот глас за Трамп. Путин тогаш ја предвидел победата на Трамп.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно