Шилегов објави победа во првиот круг

Шилегов објави победа во првиот круг

Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни во Скопје имаме победа во првиот круг, порача денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните – раче Шилегов.

Тој им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори. На овие избори, како што нагласи, победија граѓаните на Скопје и цела Македонија.

Шилегов рече дека сè уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот.