СДСМ освои 415.726 гласа, ВМРО-ДПМНЕ – 335.054 гласа

СДСМ освои 415.726 гласа, ВМРО-ДПМНЕ – 335.054 гласа

СДСМ и коалицијата имаат освоено 415.726 гласа на локалните избори по преброени 99,51 отсто од гласовите, според сајтот со резултати на Државната изборна комисија, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат освоено 335.054 гласови. Станува збор за бројки од гласањето за општински совети, без Советот на Град Скопје, додека бројката од гласањето за градоначалници се разликува.

ДУИ е третопласирана со 89.617 гласови, следуваат Алијанса за Албанците со 48.767 и Движењето Беса со 46.464. Во овие бројки не се пресметани бројките од општините, каде што албанските партии имаа заеднички листи.