Гласачите од старечките домови заборавени, не го користат своето законско право години наназад

Гласачите од старечките домови заборавени, не го користат своето законско право години наназад

Лицата кои се во старечки домови немаат гласано веќе неколку изборни процеси, тврдат за Ден.мк вработени во повеќе старечки домови. Според нив, иако во домовите има и лица кои се ментално способни да одлучат за кого сакаат да гласаат, оваа можност не им е дозволена бидејќи на денот на изборниот молк, кога гласаат болни и изнемоштени, таму не се појавуваат членови од избирачките совети.

– Сме реагирале и во Државната изборна комисија и во институциите но залудно. Како во претходните изборни процеси, така и сега, овие лица се заборавени, а политичките партии никако да се сетат на овие лица чии гласови некогаш може да се покажат како одлучувачки, вели за Ден.мк вработена во старечки дом.

И овој изборен процес, Државната изборна комисија одлучила да го премолчи овој проблем кој како што велат вработените бил алармиран повеќе пати од почетокот на предизборната кампања за локалните избори.