Connect with us

Актуелно

Саздовски и официјално ја напушти ГРОМ на Стевче Јакимовски, станува независен пратеник

Чедомир Саздовски и официјално ја напушти партијата на Стевче Јакимовски, со што ГРОМ остана со само еден пратник во Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за Канал 5 официјално ја потврдил инфомрацијата и кажал дека добил барање од Саздовски тој да стане независен пратеник.

Од друга страна Саздовски најави ваква разврска, бидејќи како што изјавил, одлуката била донесена уште на 27 април, кога се случи насилството врз пратениците.
Чедомир Саздовски беше член на СДСМ и советник од оваа партија во минатото во општина Кисела Вода. Но, тој, заедно со Стевчо Јакимовски се одметна на минатите локални избори, кога ја напуштија СДСМ и со помош на Драгиша Милетиќ учествуваа на локалните избори 2013, кои СДСМ под раководство на Црвенковски ги бојкотираше.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно