Connect with us

Забава

Дали од нас зависи дали ќе бидеме отпимисти или песимисти?

Во ситуации кога ништо не оди како што треба бидејќи не оставил партнерот, сме паднале на испит, сме ја изгубиле работата, а сметките поскапуваат, навистина е тешко да се биде оптимист. Но, како што се вели на мака се познаваат вистинските јунаци, така треба да се исплива на површина кога мислиме дека сите бродови ни потонале.

И додека овие ситуации за некого се навистина тешки и нерешливи, за други се вистинско злато, вели мотивацискиот тренер Иван Косогор.

„Не само што тие се најдобар начин да напредуваме, туку сметам дека се и единствен вистински начин за успех. Наместо да се бориме со нив, предлагам да започнеме да учиме од нив и тоа веднаш. Животот е песна, а секоја песна има крај. Прашање е како ќе играме на мелодијата која ни е понудена да ја слушаме“, вели Косогор.

Многумина зборуваат дека не зависи од нас дали ќе бидеме оптимисти или песимисти, туку дека едноставно се раѓаме со одреден поглед кон светот. Но, Косогор е убеден дека постои рецепт за оптимизам.

„Излезете надвор и започнете со работа. Секоја грешка запаметете ја добро, за никогаш да не ја повторите. Прославете ја секоја победа, но продолжете понатаму уште посилно. Живејте ден по ден. Бидејќи успешниот живот на крај се состои од секој поединечен ден. Сложувалката е составена од голем број на делови, а комплетната слика зависи од вас“, убеден е Косогор.

И покрај скептиците, кои сметаат дека не може се да биде решено со помош на позитивен став за работите, Косогор верува во спротивното.

„Моќта на позитивното размислување, Бог, универзумот, внатрешниот водич, само се називи за нешто што никогаш никој не успеал да го објасни. Овде не станува збор за позитивно размислување, туку за прифаќање на себеси. Бидејќи во оној момент кога ќе се прифатиме себеси, прекинуваме да правиме се што е лошо за нас“, заклучува овој мотивациски тренер.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно