Connect with us

Забава

Дали е возможно да отворите врата на авион за време на лет?

Се повеќе инциденти со патниците во воздух, кои поради анксиозност или други проблеми со однесувањето се обидуваат насилно да отворат врата на авион на висина од 10,000 метри.

Дали воопшто е возможно да отворите врата на толкава висина?

„100 проценти невозможна мисија, вели Брус Роџер, претседател на авиокомпанија и пилот, кој додава и дека што и да правите едноставно е невозможно да се отвори вратата.

Еве и зошто: Кабините во авионот се под притисок за патниците да можат да дишат на големи висини. Како резултат, постои разлика меѓу воздухот надвор и внатре. Поради тие разлики авионите се под неколку килограми притисок на секој квадратен сантиметар, вклучувајќи ја и вратата.

Поради тоа вие всушност влечете далеку поголема тежина, а набргу сфаќате дека физички е невозможно да ја отворите.

На пониски висини, поточно пред слетување, теоретски е возможно да се отвори вратата, но би ви била потребна и помош од други луѓе.

Колку сте поблиску до земјата толку повеќе се намалува и тежината.

Сепак, она што екипажот го загрижува е отворањето на вратата кога авионот е на земја.

Додека авионот се движи по пистата секој може да ја отвори вратата со само еден потег. Иако ова не се случува често во САД, во азиските земји авио – компаниите се соочувале со ваков тип на проблеми поради преголемиот број на анксиозни патници кои прв пат летале и сакале да ја отворат вратата за да земат малку „свеж воздух“.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно