Пет чуда на природата кои веќе не постојат

Пет чуда на природата кои веќе не постојат

Некои од нив ги уништиле климатските промени, а некои директна човечка глупост.

Климатските промени, како најголема опасност по животот на Земјата, па така и на човекот, покажуваат дека светот е ранлив дури и на штетното делување на човекот.

А дека и инаку е променлив, покрај геолошките процеси кои се мерат во милиони години, покажуваат и примерите од National Geographic, кои ни претставуваат 5 чуда на природата кои ги паметиме, а веќе не постојат.

Плажата Каима на Хаваите

Популарната плажа со црн песок ќе остане само во сеќавањата и на видео снимки, откако кон почетокот на 20 век спор тек на лава од вулкан ја избриша од мапата заедно со 150 куќи кои се наоѓаа таму.

Соломонските острови

Климатските промени, како последица на глобалното затоплување на Земјата, подразбираат и отцепување на половите и подигање на морето, а тоа значи и поплавување на ниски острови. Минатата година исчезнаа пет острови од групата на Соломонските острови.

Плажата Легзира (Мароко)

Плажата со црвени карпи со децении ги воодушевуваше туристите се до пред неколку години кога една од овие две карпи се сруши.

Замрзнатиот Гребен Larsen C (Антарктик)

Повторно се на дело климатските промени. Она што пред 20 или 30 години се сметаше за „многу замрзнато“ сега се топи. Замрзнатиот гребен Larsen C, сместен во Антарктички полуостров, денес има површина помала од Хрватска и е се помал.

Неверојатен поглед (Малта)

Илјадници години беа потребни да се избрише фасцинантниот поглед во варовничкиот брег на Малта, за тоа исто море во март оваа година конечно да го сруши.