Connect with us

Актуелно

Кривичен отфрли шест „бомби“, СЈО најави жалба

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило известување од Кривичниот суд дека за незаконски прибавени ги смета доказите телефонските снимки за „Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“, „Тревник“, и „Тифани“.

Ова решение на овој суд уследи откако неодамна донесе иста таква одлука за предметите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“ за кои пак нивните надредени, скопска Апелација одлучија спротивно и дозволија снимките за тие предмети да се докази.

Од СЈО велат дека во согласност со жалбениот рок како што пропишува законот, до Апелација ќе поднесат жалби за овие шест одбиени предмети. Инаку, СЈО до Кривичниот суд достави 17 обвиненија, во кои главнообвинети се политичари од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно