Connect with us

Македонија

Шилегов и Богдановиќ ќе почекаат- ДИК ги повика ОИК на распит

Следната недела новите 40 градоначалници , од кои 3 се старонови треба да ја преземат функцијата во оние општини каде тие извојуваа победа во првиот круг од локалните избори. Досега само градоначалник на Пехчево Драган Тренчовски, од СДСМ седна на чело на општините.

Четворицата за кои резултатите покажаа дека с еизбрани во привот круг – за Град Скопје, Петре Шилегов, Општина Центар , Саша Богдановиќ, Прилеп, Илија Јовановски и за Радовиш, Герасим Конзулов, сите од редовите на СДСМ ќе треба да ги почекаат одлуките по приговорите во ДИК.

Членовите на Државната изборна комисија денеска со мнозинство гласови одлучија да ги повикаат членовите на Општинската изборна комисија (ОИК) од скопската Општина Центар и Избирачкиот одбор од избирачкото место 2806/1, бидејќи при увидот во материјалите од гласањето во првиот круг на локалните избори во неделата се утврди дека му било дозволено на граѓанин да гласа без да се потпише во изводот од Избирачкиот список.

Исто така, врз основа на забелешката внесена во записниците по гласањето граѓанинот одбил да ги земе ливчињата за гласање за градоначалник и совет на Центар. Во ова избирачко место ДИК констатираше дека во сите четири кутии било пронајдено вишок по едно избирачко ливче.

Приговорот за гласањето во ова избирачко место го поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупниот број потпишани лица во Избирачкиот список изнесува 351, додека збирот на ливчињата што биле во кутиите изнесува 352.

Невенка Стаменковска овластен претставник на партијата ВМРО-ДПМНЕ, бараше поништување на гласањето на ова избирачко место и исто така кажа дека сите приговори поднесени од оваа политичка партија даваат јасна слика за тоа што се случуваше на локалните избори во неделата, дека нивните претставници во избирачките одбори констатирале низа сторени неправилности.

По увидот во записниците од гласањето во избирачкото место 28-6/1, седуммина членови на ДИК гласаа да се повикаат членовите на Избирачкиот одбор и на ОИК бидејќи, како што констатира претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, недостасува потпис во Избирачкиот список и постои несовпаѓања во бројот на потпишани гласачи во Избирачкиот список и ливчињата во четирите гласачки кутии.

Против повикувањето на Избирачкиот одбор гласаа членовите Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, кои сметаат дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ е конфузен и дека не се гледа за што подносителот бара поништување и исто така тие двајца се повикуваат и на забелешката внесена во соодветниот записник на Избирачкиот одбор во која се објаснува дека гласачот одбил да се потпише во Избирачкиот список и не ги зел ливчињата за гласање за градоначалник и за Совет на Општина Центар.

Во избирачкото место 2806/1 во Општина Центар во избирачкиот список запишани се 527 гласачи.

Членовите на ДИК попладнево ја почнаа расправата и за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 2582/1 за Ѓорче Петров каде се бара поништување на гласањето за градоначалник на Град Скопје.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ како причина за ова барање го наведуваат тоа што во кочанот со избирачките ливчиња за градоначалник на Град Скопје имало 22 гласачки ливчиња за членови на Совет на Град Скопје, од кои шест биле искористени и ставени во кутијата за градоначалник.

Членовите на ДИК побараа од службите да им ги достават записниците од Избирачкиот одбор и од ОИК за гласањето на ова избирачко место во Ѓорче Петров каде што има 658 гласачи.

Претходно ДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за две избирачки места во Прилеп.

Пред почетокот на седницата, ВМРО-ДПМНЕ повлече три од поднесените 43 приговори. По еден приговор за неделните локални избори имаат поднесено Алијанса за Албанците за Гостивар, ТМРО за гласањето во Град Скопје и Левица за Куманово.

За следниве градоначалници нема пречки да ги преземат функциите:

Златко Марин – Аеродром

Меликије Халими – Арачиново

Звонко Пекевски – Берово

Наташа Петровска – Битола

Блаже Шопов – Богданци

Зоран Зимбаков – Босилево

Перо Костатадинов – Валандово

Марјан Јанев – Василево

Сашо Јанкоски – Вевчани

Аце Коцевски – Велес

Сашо Поцков – Гевгелија

Зоран Ногачески – Дебарца

Горан Трајковски – Делчево

Марјанче Стојановски – Демир Хисар

Анго Ангов – Дојран

Александар Наумовски – Ѓорче Петров

Борче Гиевски – Зелениково

Жика Стојановски – Илинден

Стефан Богоев – Карпош

Фатмир Дехари – Кичево

Благој Илиев – Конче

Николчо Илијев – Кочани

Љупчо Бојаџиев – Кратово

Борјанчо Мицевски – Крива Паланка

Томе Христоски – Крушево

Максим Димитриевски – Куманово

Ацо Велковски – Лозово

Медат Куртовски – Маврово и Ростуше

Тони Делков – Неготино

Боро Стојчев – Ново Село

Јован Стојаноски – Охрид

Борче Митевски – Петровец

Исмаил Јахоски – Пласница

Ивица Тошевски – Ранковце

Живко Гошаревски – Ресен

Сашо Велковски – Свети Николе

Стефче Трпковски – Сопиште

Коста Јаневски – Струмица

Аријан Ибраими – Центар Жупа

Јован Пејковски – Чучев Сандево.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно