СЈО очекува брза екстрадиција на Грујевски и Бошковски

СЈО очекува брза екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Специјалното јавно обвинителство е информирано за приведувањето на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Грција. Очекуваат нивна брза екстрадиција од Грција и брзо започнување на судењето.

– Во овој дел од постапката СЈО нема надлежност, но очекуваме екстрадикциската постапка да заврши што побрзо, дека обвинетите ќе бидат префрлени во притвор во Македонија и дека судењето ќе започне побрзо, велат од СЈО за МИА.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.